СТРАШНО: Експлодираше бомба пред куќа во Прилеп

Засега непознато лице вчера околу 19:30 часот, во Прилеп, на улицата Поп Аврамија,

фрлило експлозивна направа пред куќа и патничко моторно возило „пежо 207″ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на 21-годишниот С.Л. од Прилеп.

При инцидентот дошло до експлозија, но за среќа нема повредени лица.

Полицијата веднаш презела мерки за расчистување на настанот, а во моментов се во тек активности за идентификување на сторителот и расветлување на мотивите за нападот.

Полицијата апелира до граѓаните да ја пријават секоја информација која може да помогне во истрагата.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде