Поради врнежи од снег на патниот правец Битола – Ресен преку планинскиот премин Ѓавато, се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила.
Од 14: 00 часот поради врнежи од снег на патниот правец Ресен – Охрид преку планинскиот превој Буково се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила.
Претходно од АМСМ информираа дека е воведена забрана за сообраќај на тешки товарни возила и на патните правци Дебар – Маврово, Тетово – Попова – Шапка и Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража.
Од Диспечерско-информативниот центар на ЈП „Македонија пат“ информираат дека од 14:15 часот поради сообраќајна незгода на патниот правец Ресен-Охрид, сообраќајот преку планинскиот превој „Буково“ е во прекин.
Во моментов на овој патен правец на сила е и забраната за движење на товарни моторни возила.