Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат во западните и југозападните делови од државата.
Воведени се забрани за движење на товарни моторни возила на патните правци Дебар – Маврово, Охрид – Кичево (Пресека), Кичево – Гостивар (Стража) и Тетово – Попова Шапка, а за сите останати видови возила задолжителна е употреба на зимска опрема посочуваат од АМСМ.
Поради врнежи од снег на патниот правец Битола – Ресен преку планинскиот премин Ѓавато, се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила.
Од 14: 00 часот поради врнежи од снег на патниот правец Ресен – Охрид преку планинскиот превој Буково се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила.
Претходно од АМСМ информираа дека е воведена забрана за сообраќај на тешки товарни возила и на патните правци Дебар – Маврово, Тетово – Попова – Шапка и Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража.
Од АМСМ информираат дека од 11:55 часот е воведена забраната за движење на товарни моторни возила на патниот правец Дебар – Маврово.
Од 12:15 часот поради врнежи од снег на патниот правец Тетово – Попова Шапка се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила, а за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема.
Од 12: 15 часот поради врнежи од снег на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила.
Фото: Оhrid news