Силно невреме беснее во регионот – се појави страотна снимка: Дрво падна врз пешак на тротоарот
Дрво падна врз пешак во Бања Лука во Босна и Херцеговина(БиХ), по што тој само замина.
Снегот направи хаос во Хрватска и БиХ, а како што објави „Klix.ba“, таму е снимена ситуација каде поради снегот, дрво паднало на тротоарот, токму врз пешак кој стоел.
Пешакот сепак поминува без некои посериозни повреди и продолжува да оди.