Во Полициската станица Радовиш вчера во 12.30 часот било пријавено дека на магистралниот пат Радовиш – Струмица,
кај с.Калуѓерица, патничко возило „фолксваген голф“ со кочански регистарски ознаки, управувано од С.М.(20) од с.Оризари, кочанско, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Радовиш.