Премиерот Христијан Мицкоски денеска апелираше до трговците да го преиспитаат своето однесување во однос на цените на прехранбените производи и најави дека ќе побара од Пазарниот инспекторат вонредна инспекција со цел да се утврди како цената на одредени основни производи е зголемена во изминатите 30 дена.
– На седница на Влада ќе побарам робусна, жестока акција од Пазарниот инспекторат затоа што добивам информации дека некои од маркетите шпекулираат и се служат со трикови.
Јас со трикови не функционирам и тие што мислат дека ќе функционираат со трикови, се лажат.
Не може тоа што на нив им беше дадено како право и можност за едни производи, сега да го прават со драматично зголемување на некои други призводи како маслото, лебот, јајца, брашно….
Жестоко ќе се спротиставиме со оние што мислат дека не надмудриле. Срамота е ова што го прават пред празниците што доаѓаат. Сакавме да покажеме добра волја, а видете како враќаат.
Ова не е коректно и денеска од страна на министерот за економија и труд ќе побарам вонредна инспекција и ова девијатно однесување да престане, рече Мицкоски по пуштањето во употреба на спортска сала во населено место Црешово во општина Гази Баба.