Патнички авион се урна денеска во близина на аеродромот Акатуа во Казахстан, при што според досегашните информации животот го загубија над 40 лица. Најмалку 25 ја преживеале несреќата.
Меѓу патниците имало и деца, а информации за жртвите ќе бидат соопштени наскоро.
Во болницата досега се превезени најмалку 22 патници, од кои некои се во тешка состојба.
На социјалните мрежи се појави видео од преживеаните патници. На него се гледа како тие излегуваат од урнатините, извлекувајќи други од него.
По падот на патничкиот авион во Казахстан, кој патувал од Баку за Грозни, се појавија информации за причината за несреќата. Имено, како што пренесуваат азербејџанските медиуми, авионот удрил во јато птици.
Подоцна се појавија информации дека авионот бил пренасочен кон аеродромот во Махачкала поради густа магла, но се урнал на само три километри од аеродромот Акатау.
Генералниот конзул на Азербејџан во Актау, Ајкан Сулејманли изјави дека засега „не можат ништо да кажат“.
„Нашите вработени се таму, а јас сум на пат. Не можеме да кажеме ништо со сигурност. Не знаеме ништо во моментов“, рече тој.
Survivors of the Azerbaijan Airlines plane crash in Kazakhstan are coming out of the wreckage. https://t.co/X3LMuYkFSB pic.twitter.com/BDjxht8M1v
— BigBreakingWire (@BigBreakingWire) December 25, 2024
This video shows the moments leading up to the Azerbaijan Airlines plane crash, with the aircraft repeatedly climbing and descending before the impact. https://t.co/oJ8XNha54l pic.twitter.com/9MbMZtMUrt
— BigBreakingWire (@BigBreakingWire) December 25, 2024