Снежната бура која го зафати северот на Црна Гора, предизвика потешкотии и во сообраќајот на територијата на Црна Гора.
Поради голомразица, на патот Паљух – Гусаре, во околината на Петњица, се случи сообраќајна несреќа кога возач на автобус кој превезувал ученици изгубил контрола над возилото и излетал од патот, превртувајќи се на покривот.
Среќа е што во инцидентот нема повредени.
Единствена штета е направена само врз возилото.
Во Црна Гора целата механизација беше распоредена на патиштата низ земјата за да се овозможи проток на сообраќајот, особено на патиштата од прв приоритет, главниот пат и автопатот кои екипите на терен успеаа да ги исчистат.
Најмногу снег падна во региони како Колашин и Жабљак, каде што нови снежни наноси достигнаа над половина метар.