Убава вест за младите пред празниците: Проверете ги сметките, власта пушти пари
Министерството за образование и наука информира дека средствата за ученички стипендии за четири месеци и за студентски стипендии за три месеци им се префрлени на постојните и на новите корисници.
-Исплатата на стипендиите отсега ќе се реализира редовно.
Финансиската поддршка за учениците и студентите е исклучително важна, затоа што го олеснува процесот на образование и стимулира заложба за подобри резултати.
Министерството останува посветено на младите.
Преку добра непосредна соработка, продолжуваме да ги подобруваме ученичкиот и студентскиот стандард, наведува МОН во објавата.