На социјалните мрежи се појави снимка од кабината на авионот на азербејџанската авиокомпанија, кој утрово се урна во Казахстан.
Патник од кабината наводно ги снимил последните моменти, во кои тој самиот се моли, а се слушаат повремено и вресоци.
Исто така се гледа како се извадени и маските за кислород. Претходно беше објавено дека во маските немало кислород, и дека пред падот се слушнала експлозија.
Засега никој не ја потврди веродостојноста на снимката. На истото видео има потоа снимка како повредените луѓе се обидуваат да излезат од леталото кое е преполовено, а дел од патниците од задниот дел успеале да се спасат.
Инаку падот на авионот го преживеале 32 лица, а вкупно биле 62 патници и пет членови на екипажот. Засега не е познато дали некој од екипажот го преживеал летот.
Веднаш е почната истрага за причините за падот на авионот, кој се урна во близина на Каспиското езеро, во градот Актау. Првично авионот кој полетал од Баку, требало да слета во Грозни, но бил пренасочен кон Актау.
The final moments of the Azerbaijan Airlines plane before its crash in Kazakhstan were captured by a passenger onboard.
— Clash Report (@clashreport) December 25, 2024
Aftermath also included in the footage. pic.twitter.com/nCRozjdoUY