„Збогум драга Ивана, збогум драгоцена наша“ – колегите и пријателите се простуваат од познатата актерка

Белградскиот театар „Бошко Буха“ на Инстаграм ја објави тажната вест. Имено, нивната колешка и пријателка Ивана Дедиќ почина на 60-годишна возраст.

– Со неверување и голема болка се збогуваме со нашата драга колешка и пријателка Ивана Дедиќ, која вчера ненадејно не напушти.

Ивана целиот работен век го поминала во театарот „Бошко Буха“ како тимски член, а потоа и како директор на секторот за маркетинг, освен неколку години во Градскиот секретаријат за култура на град Белград, а потоа и во Министерство за култура на Република Србија.

Бевме среќни кога таа се врати во нашето театарско семејство и се надевавме и верувавме дека ќе се дружиме заедно уште долги години.

Сè уште ни е тешко да поверуваме дека Ивана повеќе не е меѓу нас. Ќе ја паметиме по нејзиниот ѕвонечки глас, учтивост, грижа и подготвеност да помогне. Ќе се обидеме да продолжиме да го шириме нејзиниот ведар дух и оптимизам.

Ќе ја паметиме и нејзината неверојатна посветеност на семејството, нејзините деца Миња и Марко и нејзиниот сопруг Срѓан, а наскоро и на внуките Нина и Вера со кои сме сега во мислите – пишува во соопштението на театарот „Бошко Буха“.

Во оваа прилика од Ивана се простија актерот Андрија Милошевиќ и актерката Ања Мандиќ.

– Збогум, драга Ивана – напиша Андрија.

– Збогум, драгоцена наша – напиша Ања Мандиќ.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде