Шокантни најави: Доаѓа поларен бран, температурите ќе се спуштат до – 30?

Славчо Попоски со најнова прогноза:

Ладната “Ла Ниња” веќе го донесе првиот озбилен снег во регионот и во Македонија, засега во Македонија најмногу снег има на планинските и на Скијачките места, а во делови од регионот снежната покривка надминува  и половина метар, а на планините  снежната покривка достигнува до метар и половина.

Сепак, според она што го следам, уште поголема зима ни се заканува во Јануари и во Февруари, односно особено во втората половина од истата.

Големи се условите во следните два месеци за ново големо снежно невреме на Балканот, како и во Македонија. Според она што може во моментов да го кажам може да очекуваме многу поладно време од она кое го имаме сега.

Со оглед на тоа дека млазната струја е доста активна оваа зима, често ќе имаме многу ладни продори од север, со тоа големи се шансите да се соочиме и со поекстремно ниски температури на воздухот.

Прогностичките модели и понатаму цртаат дека околу 5 Јануари, па натаму и секако за Божик нов голем снежен и многу изразен поларен бран од Арктикот на Балканот и во Македонија,

дури прогностичките модели цртаа температури дури до близу -30 степени, постојано ќе се следи ова и секако се работи за неофицијална информација!

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде