Најнова вест: СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала доцна синоќа е регистриран во Јапонија

Уште еден силен земјотрес стресе делови од светот.

Земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала е регистриран во четвртокот, во 22:02 часот во Јапонија.

Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот бил лоциран во близина на островот Изу.

Хипоцентарот на земјотресот се наоѓа на длабочина од приближно 23 километри под површината на земјата.

Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде