СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози.
ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АКТИВНИ ЗАБРАНИ ЗА ТТВ:
- Забрана за сообраќај на тешки товарни возила има на патниот правец Тетово – Попова Шапка.
ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ: Поради сообраќајна несреќа, патот Куманово – Крива Паланка, кај Младо Нагоричане е во прекин за секаков вид на сообраќај.
ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.
Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.