Maкедонија тагува: Почина легендарниот музичар

Во 61-та година од животот почина Ристо Ице Ќорнаков (1963-2024), член на легендарната гевгелиска поп-рок група „ЗИЈАН“.

Пред еден месец свиреше заедно со своите членови од „ЗИЈАН“ на сцената во МКЦ, создавајќи концертен легендарен повраток на сцената во Младинскиот културен центар во Скопје, сцена која ја освоија еднакво квалитетно како и сите други сцени во Македонија и пошироко во YU просторот.

По големата слава со настапите и победите некогаш на гитаријадите во Зајечар, Суботица и по првиот албум „Низводно“ (1991), но и по големата пауза, се вратија достоинствено и господски на сцената на МКЦ од каде што почнале,

тивко и без помпа, како тивка вода, во стилот на првата нумера која ја изведоа ноќта „Тивка вода“, во која пеат стих што ја отвора песната „Дали знаеш мили брате тивка вода брег што рони, лечи рани за три дена, само време нам ни треба“…

Беше љубител на музиката, свиреше клавијатура, велеше дека музиката му прави ќеф, а дека по професија е дизајнер на ентериери и производител на уникатен мебел. Работеше во својата работилница во Мрзенци, гевгелиско каде и живееше со своето семејство.

Ристо беше гевгелиски ученик, гевгелиски лик, гевгелиска естрадна ѕвезда заедно со „зијанците“, мирен и тивок, а маркантен по својата појава и музичко дело.

Гевгелија жали што вака ненадејно се „раситни“ петорката од саканата група „ЗИЈАН“.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде