Објавена листа од најбогати бизнисмени во регионот – еве кои од Македонија се најдоа на листата

Генералниот директор на „Алкалоид“, Живко Мукаетов, е најбогатиот македонски бизнисмен и 32. на листата „топ 100“ во регионот на поранешна Југославија што традиционално ја објавува магазинот „Недељник“.

Според листата, капиталот со кој располага Мукаетов е 784.183.300 евра, со што е неприкосновен лидер меѓу осумтемина Македонци што се најдоа во ова рангирање.

Зад него, на 44. место е Андреа Јосифовски од „Макпетрол“ со капитал вреден 625.492.580 евра, а Илија Гечев од ИГМ „Трејд“ е 47. со 573.787.416 евра.

Далеку зад ова трио се Гоце Камчев од КАМ на 85. место со 274.590.435 евра, Слободан Кутревски од „Пекабеско“ со 267.171.362 евра е 88., Страшо Милковски од „Гранит“ со 265.799.470 евра е 89., Владимир Тодоровиќ од „Тинекс“ со 217.957.480 евра е 97. и Висар Јакупи од „Кипер маркет“ со 209.995.590 евра е на 100. место.

На врвот се Силвио и Роберт Кутиќ и Изабел Јелениќ од хрватски „Инфобип“ со капитал од 3.097.663.106 евра, пред Мирослав Мишковиќод српски „Делта холдинг“ со 2.851.179.194 евра, а трет е Дубравко Гргиќод хрватска „Аграм група“ со 2.793.000.000 евра.

Покрај „Недељник“, во изработката на листата учествуваа и словенечкиот дневен весник Finance (и порталот Finance Manager), хрватскиот економски неделник „Лидер“, босанскиот весник „Ослобоѓење“ и македонскиот економски неделник „Капитал“.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде