Лицето Ќ.Б. е приведено поради сомневање за кривично дело „Оддавање службена тајна“,
а станува збор за син на поранешен функционер од самиот врв на Министерството за внатрешни работи, објави Скопје 1.
Индициите засега се дека дека ја пробил акцијата која се спроведуваше неодамна во Арачиново, а потоа за тоа ги предупредил припадниците на кланот „Беланоца“.
Според информации на „Скопје1“, одземен му е и телефонот по претходна координација помеѓу МВР и Обвинителството,
Сомневањата на полицијата се дека токму од ова лице, протекле информациите дека МВРќе апси во Арачиново и Сингелиќ.
На десетина минути пред полицајците да влезат, неколку лица избегаа.