Со автомобил удрено 15-годишно девојче – со тешки повреди итно пренесено во болница
Синоќа на булеварот Александар Македонски’ во Скопје, автомобил со кумановски регистарски ознаки,
управуван од Ф.Б.(28) од село Лопате, кумановско, удри во 15-годишна малолетничка од Скопје.
„Во несреќата таа се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје“, соопшти полицијата.
Извршен бил увид.