Ноќеска во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Ацо Шопов“ во Скопје, возило „рексон“ сопственост на МВР управувано од В.П.(26) од Скопје имало сообраќајна незгода.
Во несреќата со телесни повреди се здобиле возачот и неговите двајца сопатници А.В.(30) од с.Инџиково,
скопско и А.Х.(23) од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.