Регулаторна комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад, на седницата одржана на 30.12.2024 година, донесе одлука за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт.
Имајќи ги предвид влијанијата на овие елементи во формирањето на цените на нафтените деривати според Методологијата, малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 0,11%.
Малопродажната цена бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 23.12.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 77,00 ден/лит.
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива затранспорт од 23.12.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 79,00
ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 71,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 70,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,039 ден/кг, во однос на
малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на
нафтените деривати и горива за транспорт од 23.12.2024 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот
М-1 НС изнесува 45,784 ден/кг
Според одлуката, од полнок ќе важат следниве цени:
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 77,00 (денари/литар)
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС -98 – 79,00 (денари/литар)
– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 71,00 (денари/литар)
– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 70,50 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС – 45,784 (денари/килограм)