Изминатиот викенд, поточно во саботата вечерта, на булеварот „Александар Македонски“ во Скопје,
автомобил со кумановски регистарски ознаки, управуван од Ф.Б.(28) од село Лопате, кумановско, удри во 15-годишна малолетничка од Скопје.
Во несреќата таа се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, соопшти полицијата.
Извршен бил увид.