На 76-годишна возраст почина поранешниот фудбалер на Барселона, Хуго Сотил.
Перуанецот беше хоспитализиран на почетокот на овој месец, откако имаше здравствен проблем.
Лекарите го сместиле Сотил на интензивна нега и дале се од себе да му ја подобрат состојбата. Сепак, поранешниот напаѓач не можеше да се опорави и почина денеска. Барселона со емотивна изјава ја потврди неговата смрт.
„Во понеделникот на 30 декември почина Хуго Сотил. Роден во Ичи, Перу на 18 мај 1949 година, Чоло, како што беше познат, беше еден од омилените играчи на навивачите за време на неговиот престој во клубот.
Напаѓачот дојде во Барселона во сезоната 1973/74 од перуанскиот клуб Мунисипал де Лима“, се вели во соопштението.
Сотил беше витален дел од тимот кој вклучуваше легенди како Јохан Кројф, Асенси, Рексач и Марсијал.
„Тој стана миленик на публиката на „Камп Ноу“, која во негова чест пее „Чолоо, Чолоо““, додаде Барселона.