Владин функционер учествувал во сообраќајна несреќа

Заменик директорот на Царина, Каба учествувал во сообраќајна несреќа на патот Струга-Охрид

Сообраќајна несреќа се случила вчера на стариот пат Струга-Охрид, а според информации на Телма, во неа учествувал и заменик-директорот на Царина Гарип Каба.

Од охридската полиција вчера кратко одговорија дека лицата од двете возила кои се судриле имаат полесни повреди или не се повредени.

Покрај Каба во возилата се наоѓале и жена и дете, потврдија оттаму.

По увидот ќе се знаат причините за сударот.

Гарип Каба како кадар на Алијанса за Албанците на Таравари, во август беше именуван за заменик директор на Царината.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде