Пронајдено мртво момчето кое исчезна пред неколку дена, уапсен неговиот цимер: Трагична вест ja потресе Србија

Телото на Немања Ж. (20), кој исчезна пред неколку дена, денеска е пронајден на брегот на Дунав, соопшти министерот за внатрешни работи на Србија.

Поради сомнение дека извршил убиство, уапсен е Ф.Ѓ.(36) поради сомнение дека сторил кривично дело тешко убиство на млад човек од Велико Градиште.

Ф.Г е обвинет дека ноќта меѓу 21 и 22 декември му нанел повеќе повреди од огнено оружје на маж со кој живеел како цимер во куќа под кирија во Земун.

На 30 декември, полициски службеници го пронашле телото на Н.Ж. на брегот на Дунав во Земун со видливи повреди. Со проверката е утврдено дека за Н.Ж. имало оглас за исчезнато лице од 27 декември годинава.

Да потсетиме, член на семејството за Телеграф изјави дека младиот последен пат се слушнал со мајка си на 21 декември околу 19 часот кога рекол дека ќе дојде за неколку дена.

Следниот пат му се јавиле на 23 декември, но оттогаш неговиот телефон е недостапен. Како што тогаш кажа братот на Немања, разговарал со сопственикот на станот во кој живеел неговиот брат. И тогаш беше чудно што никој не можеше да го најде цимерот, чиј телефон не беше достапен.

„Сопственикот на станот ми кажа дека во петокот навечер се видел со цимерот на Немања, а со брат ми пред четири-пет дена, ми го даде телефонскиот број на цимерот, но и тој е недостапен на 30 декември“

На 30 декември, полициски службеници го пронашле телото на Н.Ж. на брегот на Дунав во Земун со видливи повреди.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде