Рано утрово страотна сообраќајна несреќа – две лица завршија во болница

Утринава во 03.40 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на локалниот пат од населбата Теферич кон с.Шум, струшко,

патничко возило „ауди“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Р.О.(27) од Охрид, излетало од патот.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобил неговиот сопатник Л.М.од с.Заграчани,

струшко, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Струга.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде