Утрово во 3:40 часот во pолициската станица Струга било пријавено дека на локалниот пат од населбата Теферич кон сelo Шум, струшко, патничко возило ауди со охридски регистарски ознаки, управувано од Р.О. од Охрид, излетало од патот.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобил неговиот сопатник Л.М. од село Заграчани, струшко, констатирани во специјалната болница Св.Еразмо во Охрид.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Струга“, се наведува во билтенот на МВР.
Вчера вечер во СВР Струмица било пријавено дека на магистралниот пат Радовиш – Струмица, на делницата помеѓу крстосницата за село Василево и Струмица, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило опел со струмички регистарски ознаки, управувано од О.П. од село Градашорци, струмичко и патничко возило бмв со струмички регистарски ознаки, управувано од М.Т. од село Владевци, струмичко.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот М.Т., а со телесни повреди се здобил возачот О.П., констатирани во медицинскиот центар Струмица. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица“, информираа од МВР.
Во третата сообраќајна несреќа што се случила вчера поладне во СВР Битола било пријавено дека на улица Карпош, патничко возило форд со битолски регистарски ознаки, управувано од Г.С., удрило во З.Д.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила З.Д., констатирани во клиничката болница Битола. Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од СВР Битола“, соопштија од битолската полиција.