Трагедија во Струмица – едно лице го загуби животот

Струмичанец на возраст од околу 60 години денеска околу пладне загинал во пожар во неговиот дом, предизвикан од греалка.

Веста ја потврдија од струмичката полиција, кратко информирајќи дека денеска во 12:35 часот било пријавено дека на улица „Широк дол“ има починато лице и дека е извршен увид.

Митко Димчев, инспектор за пожари во Дирекцијата за заштита и спасување (ДСЗ), вели дека според првичните информации, најверојатно станува збор за несреќен случај, односно за пожар предизвикан од вклучена греалка, во кој несреќниот човек се задушил.

Од струмичката противпожарна единица информираа дека во гаснењето на пожарот, во кој изгорела просторија во куќата, интервенирале со четворица пожарникари и едно противпожарно возило.

-За жал, при интервенцијата внатре во просторијата, е пронајдено мртво лице чие тело беше зафатено од пламенот, велат струмичките пожарникари.

Смртта на струмичанецот ја констатирал лекар, а покрај полицијата, увид извршил и јавен обвинител од ОЈО Струмица.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде