Пејачот од „Ѕвездите на Гранд“ скршен од болка: „Ми го уби семејството“

Пејачот од „Ѕвездите на Гранд“ скршен од болка: „Ми го уби семејството“

Дарко Мартиновиќ, победникот на „Ѕвезда Гранд“, кој е родум од Цетиње, се огласи за Гранд откако во масакрот во Црна Гора беа убиени негови блиски роднини, неговите братучеди, вујко и вујна, додека неговата снаа е повредена и се бори за живот.

-Вчера бев во Тиват, а веста за смртта на моите браќа, вујко и вујна ја дознав од медиумите. Ги читав порталите и не ми се веруваше дека тоа се случува.

Трагедијата е голема во Цетиње, го убил целото семејство. А со нив била и снаата, сопруга на едниот брат, која ја ранил.

Моментално е во болница, лекарите се борат да ја спасат, Господ ќе даде да преживее за нивното дете кое нема ни една година, да не остане без мајка, рекол пејачот и објаснил дека иако имаат исто презиме со убиецот, не се роднини.

-Го знаевме по видување, од градот, но не сме во роднинска врска, само го имаме истото презиме, додал тој.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде