Пристигнува снежен бран во Македонија – еве кога започнуваат врнежите

Најнова метео прогноза на Славчо Попоски:

Од петок 3 јануари, па за време на викендот изразен поларен бран со потекло од Арктикот ќе зафати најголем дел од Балканскиот Полуостров, а овој ладен бран значително ќе ги спушти температурите  и во Македонија,

каде ноќта петок кон сабота, како и во сабота особено претпладне ќе има врнежи, кои полека ќе преминуваат во снег и во пониските места (градовите) во северозападните  и во западните предели од Македонија.

Инаку обилни снежни врнежи и силен ветер, во вид на снежно невреме ќе зафати голем дел од Балканот и овој пат, во делови од Балканот се очекува нов снег со висина од 30 до 40 сантиметри, а може и повеќе од 40 сантиметри.

На картата можете да погледнете каде и колкава снежна покривка се очекува во регионот до недела наутро.

Што се однесува до температурите, за време на викендот во делови од Балканот температурите ќе се спуштат помеѓу -12  -20 степени, а понекаде дури и до -25 степени, како што можете да видите на горната карта.

Викендов значително снежната покривка ќе се зголеми и на планините, како и на Скијачките центри во Македонија, а мала снежна покривка би можела да се формира и во пониските места (градовите) во северозападните  и во западните предели од Македонија.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде