Четириесет и седумгодишен маж е тешко повреден откако со „поло“ се забил во метална ограда на патот Градско-Неготино.
„Вчера во СВР Велес било пријавено дека околу 15.40 часот на регионалниот пат Р1102 Градско-Неготино во близина на мостот на Црна река,
патничко возило „фолксваген поло“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.П.(47) од Градско, удрило во заштитна метална ограда.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Н.М.(57), а со телесни повреди се здобила сопатничката Б.П.(45), двете од Градско, констатирани во болницата во Велес.
Увид бил извршен од увидна екипа од СВР Велес.