Бездомник со македонско потекло на околу шеесет години бил пронајден мртов вчера околу ручек во близина на железничката станица во Порто Реканати, во близина на Анкона, пренесува „Радиоере“.
Според локалните жители, тој често престојувал на железничката, но никогаш не правел проблеми.
На 1. јануари околу 16 часот, случајни минувачи го забележале неговото безживотно тело, по што била алармирана итната помош, кои констатирале смрт.
Надлежните се обидуваат да ги разјаснат причините за смртта.
Човекот не покажал очигледни знаци на здравствени проблеми, но студените зимски температури можеби придонеле за влошување на неговата состојба.