Важна информација за сите кои утрово патуваат: Бидете крајно внимателни на овие патни правци!

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози.

Намалена видливост поради пјава на магла има кај Неготино до 30 метри и Демир Капија до 50 метри.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде