Уште еден силен земјотрес го потресе светот.
Земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди островот Нова Ирска, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Земјотресот се случил утринава во 7 часот и 6 минути на длабочина од 10 километри.
На веб-страницата ЕМСЦ се наведува дека земјотресот се случил на 70 километри од градот Рабаул во Папуа Нова Гвинеја.
За сега нема информации за материјална штета или евентуално жртви.