Најнова вест: Силен земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во Анталискиот залив

Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала е регистриран во Анталискиот залив, соопшти турскиот центар за катастрофи и вонредни состојби.

Утврдено е дека земјотресот е регистриран на длабочина од седум километри, јавува „Anadolu Agency“.

Окружниот гувернер на Аланија, Фатих Уркмезер, изјави дека земјотресот бил почувствуван во

централниот дел на регионот и дека екипи се излезени на терен за да проверат дали се настанати евентуални штети.

– Во овој момент нема негативни вести – изјави гувернерот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде