Игор Џамбазов со порака на социјалните мрежи:
„2024-та годино, тебе ти се обраќам.
Завршивме со тебе сестро, засекогаш. И да не си се осмелила да ни се појавиш пред очи уште еднаш.
Ти беше една бесчувствителна, непредвидлива, тешка, напорна, напната, грда и опасна вештерка. Збогум!
И порачај и на сестра ти што доаѓа да не се занесува многу. Оти, штом те преживеавме тебе, нема што да ја мислиме неа. Таа нека му ја мисли“, напиша Џамбазов на Инстаграм.