Облачно со врнежи од дожд ќе се прошири низ цела земја, а врнежите од дожд ќе преминат во снег.
Променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од јужен правец.
Попладне во западните делови врнежи од дожд во пониските места и снег на планините.
Во текот на ноќта врнежите ќе се прошират во поголем дел од земјата и во западните делови ќе бидат пообилни (20 л/м2). Со засилен северен ветер врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
Во Скопје, променливо облачно, претпладне со појава на магла. Во вечерните часови ќе има повремени врнежи до дожд, а во текот на ноќта во повисоките делови од котлината врнежите ќе преминат во снег. Ќе дува слаб јужен, а во текот на ноќта повремено засилен северен ветер.
Време е за Бадник и Божиќ
На Божиќ се очекува позабележително затоплување и драстичен пораст на температурите, па утринските ќе одат во плус, а дневните над 10 степени. Најтопло ќе биде на Божиќ, со температура до 15 степени, но со поголема облачност, понеделник и дожд.
По 10 јануари ќе има заладување со дожд, па снег, со појава на ледени денови кон средината на месецот.