Уште една страотна автобуска несреќа го потресе светот – првични информации

Туристички автобус со руски државјани доживеа сообраќајна несреќа во Патаја, Тајланд.

Во несреќата се повредени 27 лица, но меѓу Русите нема загинати, информираше за ТАСС портпаролот на руската амбасада Илја Илин.

„Одделот на конзуларната служба на амбасадата е запознаен со овој инцидент.

Автобусот превезувал руски туристи кои дошле на патување преку туристичкиот оператор Анекс тур. Според прелиминарните податоци, 27 Руси се повредени“, се вели во соопштението.

Како што објасни дипломатот, засега нема информации за жртви. По несреќата на интернет почнаа да се појавуваат видеа од моментот на несреќата.

Врз основа на објавените снимки се гледа дека автобусот со руски туристи изгубил контрола на влезот на патарината и удрил во бетонската преграда на наплатниот пункт.

Локалниот весник Матичон пишува дека во автобусот имало 37 патници. Сите повредени се итно пренесени во болница во Патаја.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде