ВОНРЕДНО Силен земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран во делови од Чиле

Уште еден силен земјотрес го погоди светот.

Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран во четврток на 2 јануари 2025 година во 21 часот и 43 минути во Чиле.

Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот се наоѓал недалеку од градот Антофагаста.

Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 103,5 километри под површината на земјата.

Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде