Уште една трагедија го потресе светот: Автобус падна во река, најмалку шест лица загинаа, повеќе се водат за исчезнати

Најмалку шест лица загинаа, а уште шест се водат како исчезнати откако вчера автобус со околу 30 патници падна во река во Перу, соопшти Министерството за здравство на земјата, цитирано од Франс прес.

„Шест лица загинаа, а шест се водат како исчезнати откако автобус излета од патот и се преврте“, се вели во соопштението на Министерството за здравство за западниот регион Анкаш „Според последните податоци, 32 лица се повредени. Што се однесува до исчезнатите лица, по нив во моментов трага подрачната полициска служба“, се додава во соопштението.

Засега нема информации за причината за несреќата.

Автобусот кој сообраќал од главниот град Лима до Помабамба во северниот дел на земјата, паднал од 150 метри и завршил во река.

Инцидентот се случил во регионот Анкаш, на околу 430 километри североисточно од главниот град.

Според фотографиите објавени на социјалните мрежи, возилото се поделило на два дела додека се тркалало по падината.

Сообраќајните несреќи се чести во Перу поради честото брзо возење од страна на возачите, лошата состојба на патната инфраструктура и недостатокот на ознаки.

Фото: Архива/илустрација

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде