Важна информација за сите кои утрово патуваат: На овие патни правци трупа снег, бидете крајно внимателни!

Снегот кој утринава ги прекри планинските превои Стража и Плетвар создава услови за внимателно возење.

Возачите се предупредуваат да ги почитуваат сообраќајните правила и да користат зимска опрема, бидејќи на одредени делници има замрзнат коловоз.

Паралелно, врнежи од дожд и снег беа регистрирани и во главниот град, Скопје.

По вчерашните алармантни нивоа на загаденост, кога градот беше прв на листата на најзагадени во светот, врнежите од дожд ис нег придонесе за значително подобрување на квалитетот на воздухот.

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека претпладне ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и снег во пониските, и од снег во повисоките места и на планините.

Попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен долж Повардарието засилен северен северен ветер.

Минималните утрински температури ќе се движат од – 4 во Маврово до 5 во Гевгелија, а максималните дневни од 1 во Маврово и 10 Целзиусови степени во Гевгелија.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде