Врнежите од дожд и снег прават големи проблеми: Автомобилите уништени, пластика и стакло на сите страни – тешка несреќа во Белград

Вечерва во Белград се случи страшен судир на два автомобили.

Искршени се предните страни на двата автомобили, а на коловозот има искршена пластика и стакло.

Полицијата е на терен, како и две амбулантни возила.

Едно возило со полесни повреди однесе во болница двајца мажи (23 и 43 години), а со друго возило маж и жена со повреди на градниот кош.

Не е познато како дошло до судирот.

За потсетување, снежна бура ја зафати Србија, а не беше поштеден ниту Белград, па на возачите им се препорачува да бидат внимателни, да не тргнуваат без соодветна зимска опрема и возењето да го приспособат на условите на патот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде