Се преврте камион, жена тешко повредена – Тешка сообраќајка утрово во регионот
На магистралниот пат Краљево – Нови Пазар се случила сообраќајна несреќа кога возачот на товарниот камион од засега непозната причина изгубил контрола над воланот и се превртел на коловозот.
Возачот има полесни повреди, додека сопатничката, жена е со тешки повреди, според очевидци, која е пренесена во болница.
Како што неофицијално дознава српски Телеграф, возилото се движело од правец на Рашка кон Краљево. Први биле повикани пожарникари.
– Изгледа како да влегол на спротивната лента и наеднаш се вратил на сопствената лента и така се превртел, – изјавил за Телеграф видно вознемирен очевидец.