Аца Мартиновиќ (45) од Цетиње, кој на 1 јануари уби 12 жртви, меѓу кои две деца на возраст од 9 и 14 години се скарал со сопственикот на локалот Мирко Вулетиќ (42) поради палењето на бадниковото дрво, но и поради некои жени, тврди жител на Цетиње, пишува српски Курир.
Вулетиќ се пошегувал со Мартиновиќ и го прашал каде годинава ќе се пали бадниковото дрво имајќи предвид дека во Цетиње „владеат“ две црковни струи, српската и непризнатата црногорска, а велат жителите и дека почнале да се расправаат за некоја жена.
„Денови пред злосторството, екипата седнала во кафеаната на Мирко и се дружела со музика и пијалаци, по нивен обичај.
Ништо не сугерираше дека ќе има масакр по новогодишната ноќ. Вистински масакр. Во таа кафеана имаше крв до колена“, вели жителка на Цетиње.
„Тие пееја на сиот глас, на крајот на краиштата, празници се, што ако луѓето не се забавуваат. Но, набрзо се „заглави“ кога, наводно, Вулетиќ, сопственикот на таверната, почнал да се потсмева со Мартиновиќ“, тврди цетињецот и објаснува дека се шпекулира дека тоа е можен мотив за масакрот.
Мартиновиќ во еден момент почнал да го кажува своето мислење и наводно добил бројни критики врз основа на искажаните ставови што не им се допаднало на останатите гости во кафеаната.