Како што пишуваат српските медиуми, станува збор за С.М.(47), осуден за повеќе кривични дела, убиство во обид, тешка кражба, семејно насилство, недозволено носење оружје…
Да потсетиме, лекарите не успеаа да го спасат животот на сопственикот на кафаната Д.М. (56), кој беше застрелан во пукањето во кафената во Јагодина од СМ.
Еден млад човек и една девојка исто така биле повредени во пукањето. Еден од гостите бил ранет во ногата, а другиот во стомакот.
Како што напиша Блиц, минатата недела дошло до тепачка во кафаната „Круг“ во населбата Стрелиште, а вечерва конфликтот кулминирал со пукање.