Три силни земјотреси утрово го стресоа регионот

Три земјотреси денеска ја потресоа соседна Грција.

Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска, 6 јануари 2025 година во 10 часот и 47 минути во Грција кај Пелопонез, а набрзо следеа нови, иако нешто послаби земјотреси.

Земјотресот со јачина од 4,7 степени е регистриран на 97 километри јужно од Патра.

Епоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 5 километри под површината на земјата.

Веднаш следеа два послаби земјотреси со јачина од 3,1 и 2,7 степени според Рихтеровата скала.

Длабочината е 5 км.

Засега нема извештаи за материјална штета или повредени.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде