Земјотрес стресе делови од Македонија – еве каде е епицентарот
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија,
одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вчеравечер, 5-ти јануари 2025 година во 23 часот и 12 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа 24 километри северозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML2.8.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата,
земјотресот е почувствуван во градот Скопје и северозападните делови на Републиката со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.