Земјотрес вечерва го стресе Скопје

Земјотрес вечерва го стресе Скопје

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија,

одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва 6 јануари 2025 година во 18 часот и 44 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа 25 километри северозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML2.5.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во градот Скопје и северозападните делови на Републиката со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде