Ново пукање во регионот: Полицијата со часови трага по осомничен вооружен со автоматска пушка

Ново пукање во регионот: Полицијата со часови трага по осомничен вооружен со автоматска пушка

На подрачјето н населбата Шуматац во Велика Кладуша денеска имало пукање, а потрагата по напаѓачот се уште трае, потврдија за Klix.ba од МВР на Унско-санскиот кантон.

Како што е соопштено за тој портал, пукањето се случило во 14 часот, оттогаш трага по се уште неидентификуваниот маж.

Неофицијално дознаваат дека мажот се претставил како „американски војник“ и дека бил вооружен со автоматска пушка.

Во потрагата која трае веќе неколку часа се вклучени и специјални полициски единици.

Нема извештаи за повредени во оваа престрелка.

Извор: Klix.ba

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде