Почина еден од најконтроверзните политичари во светот
Жан Мари ле Пен, поранешниот лидер на екстремната десница во Франција кој го водеше Националниот фронт 40 години, пред да биде заменет на чело на оваа партија со неговата ќерка Марин, почина денеска на 96 годишна возраст. Веста ја соопшти неговото семејство.
Здравствената состојба му се влоши во последните години, а во април 2023 година, Жан Мари ле Пен беше хоспитализиран, една година пред да доживее благ мозочен удар.
Тој беше претседател на партијата Национален фронт до 16 јануари 2011 година, кога го наследи неговата ќерка Марин Ле Пен која беше пратеник во Европскиот парламент, но и кандидат за претседател на Република Франција на изборите во 2007 година.
Неговиот политички фокус беше на француската традиционална култура и високата стапка на невработеност.
Се залагаше за ограничување на имиграцијата во Франција, поголеми инвестиции во одбраната, културна цензура, воведување на смртна казна и евроскептицизам.