Разорен земјотрес го погоди Тибет, а на социјалните мрежи се појавија снимки од моментот кога земјата почнала да се тресе.
Најмалку 53 лица загинаа во разорниот земјотрес што го погоди хималајскиот регион на Тибет во југозападна Кина во Јутрас.
Според кинеските државни медиуми, многу згради се уништени.
Според првите информации, повредени се повеќе од 60 лица, а уништени се повеќе од илјада куќи.
Пожарникарите трагаат по тела под урнатините.
Според новинската агенција Ксинхуа, земјотрес со јачина од 7,1 степени, според Рихтеровата скала, го погодил северното подножје на Хималаите во близина на еден од најсветите градови на Тибет во вторникот, оштетувајќи ги зградите околу Шигатсе и принудувајќи ги луѓето на улиците во соседните Непал и Индија.
Сега на социјалните мрежи се појави видео од моментот кога земјата почнала да се тресе. Како што можете да видите на видеото, се почнало да се тресе, а граѓаните панично бегале.
BREAKING : More than 100 people died while large numbers of people are missing and injured in Tibet region after earthquake of 7.1 magnitude hit the Himalayan belt in Nepal, Tibet & India. Prayers 🙏 pic.twitter.com/5UTzCpLxzX
— Baba Banaras™ (@RealBababanaras) January 7, 2025